Skip to main content

Се скарале поради малолетната ќерка, па ја фрлил од прозорец

Во Полициската станица Пехчево е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево.

При тоа, според пријавеното, В.Т. ја турнал В.П.Н. во прозорецот, при што В.П.Н. паднала во дворот на објектот. На В.П.Н. и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а В.Т. е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести