
Само во текот на вчерашниот ден биле прегазени тројца пешаци во три одделни сообраќајни несреќи. И во трите случаи пешаците се здобиле со тешки повредни.
Прво утрото во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Комаров“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната С.А. од Скопје, удрило во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во 14.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата со ул.„Никола Петров“ и ул.„Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.У.(24) од с.Пепелиште, неготинско, удрило во пешакот М.И.(76) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.
Во 20.15 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“, ул.„Јован Планински“ и ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кавадарци, патничко возило удрило во пешакот Х.И.(33) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.