Skip to main content

Пронајдени над 13.000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица

МВР соопшти дека на 31 декември 2024 година полициски службеници од Единицата за  недозволена трговија при СВР Скопје во село Синѓелиќ ги лишиле од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје, кај кои на импровизирани тезги се пронајдени над 13.000 парчиња пиротехнички средства.

Како што се посочува во соопштението, кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4641 пиротехнички средства.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.