
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот, во СВР Скопје од Казнено-поправната установа Затвор – Идризово било пријавено дека при претрес на пакет наменет за осуденик биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Според пријавата, пакетот бил наменет за А.Н. (39) од Скопје, а при контролата извршена околу 12:30 часот биле откриени спорните таблети.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

Македонски




