Skip to main content

Продолжен притворот за Нино Васев

МИА

Кривичниот суд го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена обвинет во предметот „Онкологија 1“ и „Онкологија 2“ кои се однесуваат на медицинското и економското работење на Клиниката за времето на неговото директорување, пренесе СП.

Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најави жалба на оваа одлука за продолжување на притворот. За бројните сведоци сослушувани на главната расправа Спирковски смета дека се беспотребни зашто не се работело за вештаци.

Поврзани вести