Skip to main content

Две девојки се тепале среде бел ден во Градскиот парк во Скопје

Две девојки физички се пресметале вчера во Скопје, среде бел ден.

На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Поврзани вести