Skip to main content

Повторно дојави за бомби во училиштата во Тетово

Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово, по што веднаш се преземени безбедносни мерки.

Според првичните информации, надлежните служби постапуваат по пријавите, а учениците и вработените се евакуирани од училишните објекти со цел безбедносна проверка.

Полицијата врши проверки на терен и работи на утврдување на околностите околу дојавите. Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.

Поврзани вести