
Попладнево во СВР Велес е пријавено дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско.
По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага, информираат вечерва од СВР Велес.
Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето.