Skip to main content

Поранешни пратенички од СДСМ, сопруга на познат доктор, газда на бензински пумпи-кој е уапсен досега во големата полициска акција?

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вечерва соопшти детали од акцијата која попладнево се спроведува во Скопје ќе соопштат утре.

Како што е веќе објавивено акцијата се спроведува во УЈП и други институции. Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Според извори на 4NEWS.mk уапсена е раководителка на УЈП, сопственик на бензински пумпи, поранешни пратенички од СДСМ, сопруга на познат доктор.

Акциите продолжуваат и во текот на вечерта, а голем дел од приведените се веќе во полициската станица Пролет.

Поврзани вести