Skip to main content

Поради сообраќајна несреќа целосен прекин на сообраќајот Скопје – Македонски Брод

МВР

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П Јасен ќе биде во целосен прекин во следниве термини: од Македонски Брод кон Скопје во период од 10.30 до 11 часот и од Скопје кон Македонски Брод од 12 до 12.45 часот, информира Авто мото сојузот (АМСМ).

Оттаму информираат дека на патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром сообраќајот се пренасочува поради сообраќајна несреќа.


Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри Стража до 80 метри и Крушево до 30 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести