Skip to main content

Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од с. Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска станица Петровец кажал дека се оддалечило од својот дом, соопшти МВР. 

Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во с. Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник, велат од полицијата.

Вчера во во 01.22 часот во Полициското одделение Петровец, И.Г.(42) од село Кадино, скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка Р.Г. (15) од село Кадино.

Поврзани вести