Skip to main content

Почина 83-годишен затвореник од Македонска Каменица во затворот во Штип

Freepik

Доцна синоќа во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица.

Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба, а во 20.30 часот починал.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Штип.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од МВР.

Поврзани вести