Skip to main content

Пијан скопјанец се заби во паркирано возило на Комаров

Вчеравечер во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(56) од Скопје. Како што соопштија од МВР, претходно, на ул.„Владимир Комаров“, тој со патничко возило „субару“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Љ.Р.(47) од Скопје.

При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.57 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 од Кривичниот законик-„предизвикување општа опасност“, велат од скопската полиција.

Поврзани вести