
Пијан маж со нож им се заканувал на синовите, едниот бил и нападнат
На 07.02.2026 во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе.
Приведен е постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син.
Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонски



