Skip to main content

Од Центар до Средно Водно за 7.800 денари: Таксист „одрал“ швајцарски државјанин

Странски турист во Скопје бил непријатно изненаден од возење со такси, кога за кратка релација му била наплатена значително повисока сума од очекуваната.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје од страна на швајцарскиот државјанин Б.Ф.П.Х. (43).

Тој пријавил дека користел такси превоз од центарот на Скопје до Средно Водно, при што возачот му побарал и наплатил 7.800 денари. Откако патникот реагирал дека сумата е значително повисока од вообичаената тарифа, таксистот, според пријавата, станал агресивен и со возилото го напуштил местото.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Поврзани вести