Skip to main content

Обвинителите ја редуцирале листата на докази, бранителите бараат одложување за да видат што е исфрлено

Само што почна судскиот процес за пожарот во Кочани, најверојатно ќе дојде до одложување.

За што се работи.

По донесувањето на одлуката на судијката Дијана Груевска Илиевска за спојување на двата предмети, обвинителите објавија дека ги редуцирале дел од доказите за двата предмети. Покрај докази намалена е и листата на сведоци кои се 282.

Ова предизвика незадоволство кај адвокатите Дончо Наков и Еленко Миланов кој сметаат дека ова е недозволено.

Не знаеме кој сведоци се редуцирани. ЗКП не познава термин редукција на сведоци туку предвидува откажување на доказ но со согласност на одбраната. Бараме да добиеме заштата на правата на обвинетите а не одолговлекување на постапката“, посочи Наков.

Шилегов смета дека ова оди кон враќање на целата постапка иако тоа никој не го посакува

Мора да ја запазиме законитоста на постапката. Спојувањето е легитимно право но пречистен текст на обвинителен акт значи нов обвинителен акт“, нагласи адвокатот Шилегов .

Обвинителите, пак, побараа во оваа фаза да не се врши оценка на доказите.

Поврзани вести