Skip to main content

Обвинение за кавадарчанката што со чекан проба да ја убие мајка ѝ додека спиела

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднело обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно намалена пресметливост.

Обвинетата на 10 септември годинава, во семејниот дом во Кавадарци, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот сопствената мајка со која живееле во иста куќа. Додека жртвата спиела, обвинетата со чекан ја удрила повеќе пати во главата со што и нанела тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот на куќата и не го довршила делото, соопшти Јавното обвинителство.

Согласно извршените вештачења, како што се наведува во соопштението, е утврдено дека обидот за убиство го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции.

Бидејќи се уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата, информираат од Обвинителството.

Во септември обвинителството објави дека додека жртвата спиела во заедничкиот дом, осомничената 32-годишна жена, која подолг период се заканувала дека ќе го стори делото, ја удрила својата мајка со тврд предмет (чекан) по главата. Сведок на настанот бил таткото на осомничената, кој ја задржал и не ѝ дозволил да избега по настанот.

Поврзани вести