
Ноќеска во 02.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје настанал пожар на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.С.(40) од Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П.(36) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К.(44) од Скопје.
Како што соопштија од скопската полиција, од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.