Skip to main content

Никој не знае каде е судијата Ристов, пред еден месец го исклучил мобилниот телефон и зел боледување

Потрагата по уште пари од сомнително потекло и докази против осомничениот апелационен судија Ѓоко Ристов продолжува.

МВР и Обвинителството не кажуваат дали е тука судијата Ристов, кај чии родители во Неготино денеска во ѕид од домот беа пронајдени соѕидани 350.000 евра. Овие пари му се без покритие, кажа истрагата.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал доцна вечерва одговорија дека „деновиве јавниот обвинител ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот“.

СДК.МК дознава дека истражителите прво извршиле претрес во станот на судијата Ристов во Скопје пред околу две недели, но тогаш не нашле ништо сомнително.

Пред една недела тој на работа во Апелациониот суд Скопје им кажал дека е болен и оти ќе замине на боледување. Оттогаш колегите не го виделе. Мобилен телефон престанал да користи од пред месец и неколку дена, откако се отвори истрагата против адвокатот Фехми Стафа за подмитување судија во Скопска апелација односно на Ѓоко Ристов.

Поврзани вести