Skip to main content

Непознато лице со бокс го скршило стаклото од влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Непознато лице го искршило стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија во Скопје.

На 11.01 во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот“, информираат од МВР.

Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.

На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.