Skip to main content

Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи, потсетува Тошковски

Откако МВР објави дека се пронајдени младите деца кои дивееја на улиците низ Ѓорче со автомобил, на социјалните мрежи се огласи и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи.
Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, напиша Тошковски Фејсбук.

Поврзани вести