Skip to main content

Нашле картичка на улица и си пазареле со неа: Две лица заработија кривична

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(30) и А.У. (29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите на МВР, на 02.12.2024 во близина на угостителски објект во Скопје, второпријавената пронашла платежна картичка сопственост на лице од Свети Николе и му ја дала на првопријавениот, кој во временски период од 02.12.2024 до 05.12.2024 неовластено ја употребил во 30 наврати, вршејќи трансакции на неколку места, при што се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 15.091 денари.

Поврзани вести