Skip to main content

MВР со детали: Покрај Штекли уапсени уште неколкумина за продажба на дрога

 Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.

Од ОЈО  ГОКК појаснуваат дека по Наредба на обвинител во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Во момемтов од ОЈО ГОКК потврдуваат дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.