
На 04.08.2025 во 14:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, С.Р.(20) од с.Горно Палчиште, општина Боговиње, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.С.(69) од с.Фалише, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.