Skip to main content

Млад велешанец се бори за живот откако со возило излета од пат

МИА архива

Вчеравечер околу 23 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(21) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници А.Д.(20), Ш.Р.(19) и уште една малолетна сопатничка, сите од Велес, констатирани во Општата болница Велес.

По укажаната лекарска помош во велешка болница, извршени прегледи, снимања и констатирани скршеници на черепот на пациентот Т.Б извршен е негов итен транспорт во Клинички центар во Скопје, соопшти за „Дума“ д-р Ванчо Граматов, специјалист хирург, портпарол на Општа болница Велес.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Поврзани вести