
Мислам дека тука е маленкото, рекол Кешишев кога дошле на местотото каде што била закопана Вања, го опиша обвинителката Јосифовска исказот на обвинетиот.
Откако по некое време се туфкал решил да ги однесе на местото каде што била закопана Вања.
Откако со главата им покажал каде да копаат, полицајците но и самиот Кешишев копале и во земјата почнало да се појавува телото на девојчето. Кешишев уште рекол и дека кога ја закокувале тука бил и каратистот Боре и Велибор Манев од Велес. Полицијата во тој момент не знаела за кого се работи па ги информирале велешките колеги. Кога претходно полицијата дошла во седиштето на Десна Кешишев само изустил: „Каде сте досега, знаев дека ќе дојдете“.