Skip to main content

Мигрант од Алжир тешко повреден, сакал да се качи во воз во движење

Freepik

На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога.

Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Поврзани вести