Skip to main content

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, по еден со активна забрана и во спротивна насока

Фото: МВР

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Од вкупниот број, осум возачи се лишени од слобода за управување на возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока.

-Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. По еден возач во Тетово и Куманово управувале возило со брзина многу поголема од дозволеното. По еден возач во Тетово и Струмица возеле под дејство на алкохол, додека еден возач во Ресен возел со активна забрана и еден возач во Велес возел во спротивна насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај. 

Поврзани вести