
Во два одделни случаи вчера возачи под дејство на алкохол се забиле во полициски возила.
Прво во 15.54 часот над с.Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР.
По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци. Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидет поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.
Вечерта околу 20.40 часот на бул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски таблици, управувано од Ш.Е.(55) од Скопје, не застанало на даден знак за запирање од страна на полициски службеници од СВР Скопје и по кратко кратко време удрило во возило „голф“, сопственост на МВР.
По преземени мерки, утврдено е дека Ш.Е. го управувал возилото под дејство на алкохол. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.