Skip to main content

Кај лице од Кондово најден пиштол

На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско. По претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.Ф. во село Кондово, при што е пронајдено пиштол “застава” калибар 7.65 со една рамка со нн калибар куршуми.

 Против Б.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од и чл. 144 од КЗ по итна постапка.

Поврзани вести