Skip to main content

Изгорено човечко тело пронајдено по пожарот во близина на Железничката во Ѓорче

Вчера 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести