Skip to main content

Изгаснат пожарот во фабриката во Гостивар

Во пожар кој синоќа пред полноќ зафатил мала фабрика за производство на полиестерени материјали во близина на автопатот Гостивар – Тетово, изгореле два објекти, а еден е делумно.  При гасењето на пожарот, пожарникарот Е.И.(44) од Гостивар, се здобил со телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во гостиварарската општа болница.

Според информациите од СВР Тетово од претпладнево, пожарот е изгаснат од Територијалните противпожарни единици Гостивар и од Тетово. Увид на лице место ќе изврши екипа при ОВР Гостивар.

Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но заради опасност од шиење на огнот, пожарникари сè уште се на терен.

Од СВР Тетово информираат дека петнаесетина минути пред полноќ, било пријавено дека настанал пожар во објект- работилница, сопственост на М.А.(27) од Здуње, гостиварско, лоциран во близина на клучка Неготино, во атар на селото Чегране. 

Од РЦУК – Тетово, утрово информираа дека гостиварската противпожарна единица на повик во околу еден часот часот со 9 пожарникари и 3 возила започнале интервенција на опожарен објект Со оглед на обемот на огнената стихија, ТППЕ Гостивар побарала и помош од ТППЕ Тетово, од каде интервенирале со 4 пожарникари и 1 ПП возило.

Според првичните информации се работи за објект за производство на полиестер кој се состои од три хали. Од огнот целосно изгорени се две, додека третата е делумно изгорена, наведуваат од РЦУК. згм/цр

Поврзани вести