
Затвореник побегнал од затвор, по што ја грабнал поранешната девојка.
Инцидентот се случил вчеравечер, а во 22:50 часот во СВР Скопје, Ш.С. пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, нејзината 25-годишна ќерка била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25), кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, по што физички и со тврд предмет ја нападнал, а потоа насилно ја зел со себе.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Македонски


