
Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, в четврток на 5 ноември од 19.00 часот ќе реализира бесплатен онлај час по биоградинарство.
Целта е луѓето кои се заинтересирани за еколошко производство на храна да се запознаат со биоградианрството како метода на одгледување храна без користење на хемиски средства и вештачки ѓубрива. Часот најмногу ум е наменет на оние што сакаат да почнат со производство за свои потреби, но немаат знаење и искуство, како и на оние искусни производители кои сакаат конвенционалното земјоделство да го заменат со биоградинарење-велат организаторите.
Темите за кои ќе се зборува е производството на биозеленчук, подготовка на средства за заштита и прихрана на растенијата како и агротехнички методи во производството.
Предавањата ги води, дипломираниот земјоделски инженер во насоката градинарство и цвеќарство Филип Димкоски.
Часот ќе се одвива онлајн преку платформата ЗУМ (ZOOM) така што секој кој е заинтересиран може да се вклучи без разлика на неговото емсто на живење или престојување.
Врска до онлајн часот:
https://us04web.zoom.us/j/73327133557…
Во рамки на предавањето присутните ќе се запознаат со можностите и деталите кои ги нуди Онлајн курсот по биоградианрство и со тоа ќе биде отворен повикот за истиот.

Македонски

