Skip to main content

Ивановска: Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција

Скопје, 18 септември 2025 (МИА) – Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку се води професионално, треба да ни покаже кој од овие фактори преовладувал или пак и двата од нив довеле до моментот, Росица веќе да не е меѓу нас, истакна денеска пред МВР поранешната антикорупционерка и кандидат за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска.

Според неа, корупцијата кај нас е распространета во сите пори во општеството и порача државата да преземе мерки да се раскинат тие, како што рече, заднинско-политички мрежи кои што придонесуваат корупцијата да биде во постојан пораст.

-За тоа е потребна волја и тоа не само политичка, туку многу повеќе и граѓанска волја. Нашите заложби се насочени кон тоа да делуваме во насока на надминување на слабостите кои што придонесуваат да имаме високо ниво на корупција во државата. Пред сѐ мислам на подигнување на нивото на свеста и на интегритетот на граѓаните. Понатаму, институциите крајно време е да профункционираат професионално со сите потребни услови за работа и при тоа да не бидат повеќе заложници на партиско-политичките влијанија, истакна Ивановска.

Нагласи дека очекува внатрешните контроли на институциите кои се вклучени во овој процес, да излезат и да кажат каде потклекнале и да ги кажат со име и презиме одговорните лица кои што придонеле да се дојде до уште една ваква трагедија.

Носителката на листа за град Скопје од Независни заедно, Јана Белчева, пак, рече дека тие двете како носителки на локално ниво се обврзуваат дека во нивното работење ќе постават нов прицинип на работењето со што ќе ја вратат безбедноста кај граѓаните.

Според Белчева, превенцијата е најважната работа на локалната самоуправа и на ниво на општина Центар и на Град Скопје и нагласи дека се обврзуваат дека ќе работат на креирање на безбеден град

Поврзани вести