Skip to main content
Сведочење на повредените

Иван лежел со приклештени нозе во „Пулс“

Сведокот Иван Данаилов, кој кобната вечер бил гостин во дискотеката, објасни од лично искуство што се случувало во дискотеката во моментот кога избувнал пожарот – настанало стампедо и се чувствувал мирис на чад, а на скалите пред излезот од притисокот еден пред него паднал по што сите се струполиле и следно на што се сеќава е како лежи со приклештени нозе и бара помош.

Тоше Трендафилов, еден од повредените, раскажа како паднал на колена во метежот, бил газен и туркан, а двајца негови другари успеале да го извлечат надвор. Тој сведочеше дека претрпел сериозни повреди на раката, вратот и ушите за кои била потребна хируршка интервенција и дека и денес се соочува со болки и несоница.

Во судницата сведочеше и Мартин Китанов, кој раскажа дека при пожарот настанал хаос, се чувствувале топлина и чад, а на главната врата имало паднати луѓе. Како што посочи, тој се сопнал, паднал и бил притиснат од повеќе лица губејќи здив и надеж, но се сетил на своите две деца и добил сила да продолжи да дише, додека пожарникари и други луѓе се обидувале да го извлечат сè додека едно момче, конечно, не успеало да го извлече до скалите.

Поврзани вести