Skip to main content

Гостиварец подметнал пожар во две штали на човек од гостиварско село

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 13.15 часот во село Градец, гостиварско, го лишиле од слобода М.Н.(32) од село Горјане.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно дека претходниот ден подметнал пожар во две штали на лицето А.Н.(34) од село Горјане.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести