Skip to main content

Правеле ајвар, останале без викендица

Викендица во Скопско изгоре откако сопствениците несакајќи предизвикале пожар по правење на зимница.

Како што соопшти МВР, вчера околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Соње, скопско, настанал пожар при што била опожарена викенд куќа и трева.

Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на местото и извршија разговор со Д.М.(74), сопственик на викенд куќата, кој појаснил дека со сопругата правеле зимница и во близина на куќата го истуриле пепелот од ќумбето, во кое најверојатно имало жар и си заминале, по што настанал пожарот, соопшти МВР.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Поврзани вести