Skip to main content

Голем пожар во Куманово

Република / Илустрација

Повторно голем пожар има на улицата „Индустриска“ во Куманово на отпад за стари автомобили, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал попладнево, првин интервенирале три противпожарни возила.

Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. Горат каросерии од стари автомобили и во околината сува трева, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив насекаде од повисоко од градот. На истата локација имаше пожар на 23-ти јуни годинава, тогаш го гасеа пет противпожарни возила, а кумановци се жалеа на неподнослив мирис.

Поврзани вести