Skip to main content

Дукоски смета Васил доби премногу години затвор: За иста сообраќајка се давале многу пониски казни

Сметам дека Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот. Казната е превисока, изјави бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Дуковски посочи дека очекувана била осудителна пресуда бидејќи признал вина, но дека оваа пресуда во ваква висина, не е во согласност со воспоставената судска пракса на територијата на Апелациниот суд во Скопје.

Иста ваква сообрќајна незгода 2019 година на истото тоа место, на истиот пешачки премин, само од другата страна, е завршена правосилно со 3,5 години. Сетете се на предметот во Велес, има еден прекршок повеќе од Васил. Има еден прекршок повеќе од Васил затоа што се даде сторителот во бегство и два дена беше недостапен. Правосилно заврши со осум години. Само за тоа приговарам, изјави Дуковски.

Сспоред Дуковски, не може од овој настан да се почне со применување на нова казнена политика во земјава и дека приговорот е само за тоа.

Казна затвор од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Поврзани вести