Skip to main content

Додека местел церада на сканија кавадарчанец тешко се повредил

Кавадарчанец бил тешко повреден додека местел церада на сканија, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12 часот на улица „Даме Груев“ во Неготино, Г.Ј.(63) од Кавадарци паднал од товарно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, додека ја местел церадата. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци, информираа од СВР Велес.

Поврзани вести