
Четиринаесетгодишниот ученик кој беше повреден во напад од негов врсник во основното училиште „Хасанбег“ во скопската населба Ченто се наоѓа во стабилна, но и понатаму животозагрозувачка состојба, информираше директорот на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Игор Мерџаноски, јавува ТВ21.
Како што појасни Мерџаноски, ученикот бил примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на главата.
По приемот, извршена е компјутерска томографија и лабораториски тестови и итно е префрлен на интензивна нега, каде што е утврдена индикација за итна операција. Пациентот е опериран вчера. Неговата состојба денес е стабилна, но сепак е во животна опасност. Има оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот“, изјави Мерџаноски за ТВ21.
Инцидентот се случи во основното училиште „Хасанбег“ во Ченто, а случајот предизвика големо внимание во јавноста. Надлежните институции работат на целосно расчистување на настанот.

Македонски



