
Во вечерните часови, на територијата на Општина Студеничани, над селото Моране, избувна пожар. Благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во координација со надлежните институции, пожарот беше локализиран во краток временски рок, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.
Состојбата со пожарот е целосно ставена под контрола и во моментот не претставува закана за населението во околината. Пожарникарските екипи остануваат на терен за постојан мониторинг и целосно изгаснување на сите жаришта, со цел превенција од евентуално повторно разгорување на пожарот, информира Али.