
Од Јавната здравствена установа Радовиш вчера во полиција е пријавено дека кај нив со повреди е донесено четиригодишно дете, кое подоцна е препратено во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното, со повредите се здобило додека престојувало во детска градинка, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски








