Skip to main content

77 годишна скопјанка пронајдена мртва во својот дом

Почината повозрасна скопјанка пронајдена во семејниот дом во Кисела Вода. 

– На 24.10.2025 во 12:50 часот во СВР Скопје, И.С.Т. пријавил дека во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје ја пронашол почината неговата  баба Д.С.(77). Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала во куќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.