
При претрес во Гостивар пронајдена била дрога и лишено од слобода било едно лице.
Како што информираат од МВР, вчера (09.02.2026) во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар.
При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонски



