Skip to main content

14-годишно девојче исчезнало во Скопско, полицијата трага по неа

На 31.03.2025, околу 22:15 часот, полицијата во Скопје добила пријава за исчезнување на 14-годишно девојче од скопското село Петровец. Според информациите, 42-годишната мајка на девојчето, М.Б., пријавила дека нејзината ќерка М.Б. (14) се оддалечила од дома и оттогаш не е во контакт со неа.

По пријавата, полициските службеници од Полициското одделение Петровец веднаш презеле мерки за пронаоѓање на девојчето. Полицијата го истражува случајот и активно трага по исчезнатото дете, со цел да се утврдат причините за нејзиното исчезнување.

Поврзани вести