Skip to main content

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер.

Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот. Со оглед дека се очекува стабилизација на времето и со тоа и подобрување на квалитетот на јагленот, застојот нема да биде подолг од неколку денови, наведуваат од АД ЕСМ.

Оттаму додаваат дека ќе продолжи производството од ТЕ Битола 3, ЕСМ Енергетика – Когел, расположливиот хидропотенцијал и ветерниот парк Богданци, во согласност со потребите на Универзалниот снабдувач.

Поврзани вести