Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС освен за себе за никој друг не се грижи, додека високите структури во СДС и на нив блиски луѓе го зголемуваа богатството, народот осиромашуваше

Платите и пензиите растат, економијата се стабилизираше, инфлацијата се намали, странските инвестиции на историски највисоко ниво

СДС освен за себе за никој друг не се грижи. Додека високите структури во СДС и на нив блиски луѓе го зголемуваа богатството, народот осиромашуваше. Преку матни тендери елитата на СДС се богатеше, а обичните граѓани мака мачеа како да го поминат месецот.

СДС за време на нивното седум годишно владеење македонските граѓани ги доведе до просјачки стап. Над пола милион граѓани денот го поминуваа со по 150 денари.

Според официјалните податоци, инфлацијата и скапотијата пред неколку години беше двоцифрена, за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%.

Исто така, кога СДС зборува за трошоци за живот ги потсетуваме какви беа бројките во нивното седум годишно владеење. Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, забележа раст од 9.4 %, а индексот на цените на беше 7.0 %.

СДС, исто така, се тие кои што го зголемија и ДДВ на прехранбените производи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ минатата година ја стабилизираше економијата и после ваквото стабилизирање годинава следи нејзино заживување, кое што ќе доведе до одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните. Така, според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%.

Друг показател кој покажува дека владините економски мерки даваат резултати се и најновите податоци на Европската комисија, каде што според Индексот за економско расположение, Македонија е меѓу земјите кои 2024 забележа најголемо подобрување на економскиот сентимент. А по истиот овој параметар на доверба на бизнисот и населението во државните политики, во 2021 кога СДС беше на власт, Македонија беше на дното во Европа.

Ова се резултати и проекции засновани на преземените мерки од страна на Владата за стопирање на слободниот пад на економијата и постепено економско заживување, преку реализација на капитални проекти и историски највисокото ниво на странски инвестиции.

Освен ова, Владата активно преземаше мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како зголемување на плати и пензии, ограничување на профитните маржи, намалување на цените на прехранбените производи.

Поврзани вести