Skip to main content

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статситика.

Во периодот јануари – октомври годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените се зголемени за 5.1 %, а во споредба со декември 2024 година растот е 2.1 %.

Во октомври 2025 во однос на претходниот месец цените на угостителските услуги се зголемени за 0.3 отсто.

Поврзани вести